Нови детали за нападот во Капитол: Напаѓачот бил следбеник на нацијата на исламот

од Берта Китинска

Американската и светската јавност се шокирани по вчерашниот напад на Капитол Хил, кога осомничениот Ноа Грин влета со својот автомобил во полицијата во близина на американскиот Конгрес во Вашингтон.

Тој прегазил двајца полицајци, а потоа наводно излегол со нож, кога бил застрелан и убиен од трет припадник на полицијата. Еден од повредените полицајци, Вилијам Били Еванс, за жал им подлегна на повредите, и покрај укажената лекарска помош.

Во меѓувреме се појавија дополнителни информации за напаѓачот. Имено, според светските медиуми, 25-годишниот Ноа Грин од Вирџинија се опишал себеси како „верник од Фаракан“ и на „Фејсбук“ изјавил дека владата се обидува да го контролира неговиот ум.

Иако сè уште не е познато кој е мотивот за нападот во Вашингтон, „Дејли Меил“ пренесува дека во објава на „Фејсбук“ која оттогаш е избришана, тој зборувал за теоријата на заговор дека ФБИ и ЦИА го трујат и се обидуваат да му ги контролираат мислите без дозвола.

Грин изрази сочувство и во објавите за лидерот на движењето „Нација на исламот“, Луис Фарак, велејќи дека тој го „спасил“ и го опишал како „Исус, месијата“ и неговиот „духовен татко“.

За потсетување, Капитол Хил беше сцена на големи немири на 6 јануари, кога бројни хулигани упаднаа во зградата на Конгресот по митингот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. По тој повод беа убиени пет лица.

Исто така, уште еден инцидент беше снимен во средата, кога канцелариите во Капитол Хил беа евакуирани поради сомнителен предмет.

Слични содржини