Нови сведоци на одбраната ќе сведочат на денешното рочиште за „27. Април“

Во Кривичниот суд, денес продолжува рочиштето за случајот „27. Април“, и на истото ќе бидат сослушани сведоците кои беа предложени од страна на одбраната.

За потсетување, овој предмет се уште се наоѓа во доказна постапка, а судија во овој случај е Илија Трпков, додека пак, обвинителниот тим е предводено од Вилма Русковска.

На обвинителна клупа поради овој предмет се наоѓаат поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Сите тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични содржини