Новинарот Димитровски – нов генерален секретар на Демократски сојуз

од Nikola Popovski

Централниот совет на Демократскиот сојуз денеска одржа седница на која се расправаше за предвремените парламентарни избори и се донесе одлука за изработка на изборна програма и за евидентирање на можни кандидати за пратеници.

„Демократскиот сојуз е подготвен за учество на парламентарните избори, при што е отворен за соработка со партии кои се за робусна борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија“, соопштија од партијата на Павле Трајанов.

На седницата за генерален секретар е избран Зоран Димитровски, долгогодишен професионален новинар и уредник. Бил главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“. Димитровски е магистер по политички науки од Централниот европски универзитет во Будимпешта. Предавач е на Институтот за комуникациски студии,а долги годни предавал новинарски предмети на поранешната Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Слични содржини