Ново апсење поради земјотресот во Турција: Уапсен бизнисмен во Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Турски државјанин е уапсен во Црна Гора. Причината се сомнева дека е земјотресот што ја погоди Турција пред еден месец.

Врз основа на потерницата распишана од Турција, во Подгорица е уапсен бизнисменот Ахмет Калионџу. Оваа информација ја потврдил и неговиот бранител, Далибор Кавариќ, пренесуваат српските медиуми.

Кавариќ смета дека апсењето на неговиот клиент е поврзано со настаните по земјотресот во Турција бидејќи Калионџу е поврзан со градежна компанија. Турскиот државјанин бил уапсен кога се приближувал до куќата во Подгорица која ја изнајмил да живее.

„Мојот клиент е известен дека Турција го бара за некаква кривична пријава поврзана со платежни картички. Меѓутоа, јас и семејството се сомневаме дека мотивот е неговата поврзаност со градежна компанија за производство на бетон. Ако ги земеме предвид актуелните настани во Турција и апсењата на сопствениците на градежни фирми во земјата, семејството и јас сме убедени дека тоа е вистинската причина за неговото апсење“, изјави Кавариќ, пренесува РТЦГ.

Слични содржини