Ново лансирање на ракети од Пјонгјанг за време на најголемите вежби на Сеул и Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во морето, соопшти војската на Јужна Кореја, што е најновото од неколкуте тестови на оружје додека Сеул и Вашингтон ги одржуваат своите најголеми заеднички воени вежби во последните години.

Ракетите биле истрелани околу 7:40 часот по локално време од провинцијата Јужен Хвангае, во близина на западниот брег на земјата, и прелетале околу 620 километри, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја, пренесе „Ројтерс“.

Јужнокорејската армија е во состојба на висока готовност и во тесна координација со САД, се вели во соопштението.

Слични содржини