Новороденче старо два дена починало од коронавирус

од Nikola Popovski

Бебе старо само два дена починало од коронавирус во Јужна Африка (ЈАР). Тоа е едно од најмладите жртви на Ковид-19.

Мајката била тестирана како позитивна на Ковид-19, а детето последователно, со истиот резултат.

Бебето се родило предвреме и му требало помош при дишењето, изјавил министерот за здравство.

Двегодишно бебе е исто така меѓу 27-те жртви во последните 24 часа во Јужна Африка.

Досега во Јужна Африка починале 339 лица, а бројот на потврдени случаи достигнал 18.000. Најновиот модел на предвидување покажал дека 40.000 луѓе би можеле да умрат во Јужна Африка.

Јужна Африка воведе меѓу најстрогите мерки во светот, вклучително и забрана за цигари и алкохол, а сега попушти со некои од ограничувањата.

Меѓу другите најмлади жртви на корорнавирус е и бебе старо три дена кое починало на 5 мај во Велика Британија. Во тој случај, мајката и бебето биле позитивни по раѓањето.

Слични содржини