НСЗР најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата

од Stefanija Kuzmanovska

Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР), административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски наведе дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

„Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани. Бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата“, нагласи Бојчевски.

Слични содржини