„Њујорк тајмс“ за Ѓоковиќ: Тенисерот е грешник

од Nikola Popovski

Сагата за статусот на Новак Ѓоковиќ доби нова страница по одлуката на австралиските власти по вторпат да му ја одземат визата, а од страниците на познатиот американски „Њујорк Тајмс“ следеше ново видување на настаните за најдобриот тенисер на светот.

Во написот на Демиен Кејв, новинар на овој весник, под наслов „Кога тенисот стана сцена за доброто и неправдата за време на пандемијата“, Ѓоковиќ беше претставен како:

-Одлуката за депортирање на Новак Ѓоковиќ не е само прашање на примена на австралиското право. Тоа претставува зајакнување на колективната вредност против спортист кој се обидел да игра според сопствените правила.

Кејв потоа продолжил:

-Она што започна како пресметка меѓу невакцинирана тениска ѕвезда и премиер кој бара начин да го одвлече вниманието од сопствените грешки пред изборите, се претвори во нешто многу потешко – јавен став за пандемијата и правилата на јавното добро.

А грешникот во моментот е Новак Ѓоковиќ.

Австралија – гордата „земја на спортот“ каде во понеделник ќе започне првиот Грен слем сезонава – повеќе од една недела се занимава со Ѓоковиќ. На Австралијците не им се допадна начинот на кој нивната влада постапи на аеродромот при откажувањето на визите. Откако биле затворени и принудени да се вакцинираат, тие биле и несреќни бидејќи славниот спортист се обидел да ги заобиколи правилата за вакцинација при влез во земјава.

После тоа, се појавија некои извонредни сознанија кои избришаа секаков вид сомнеж. Г-дин Ѓоковиќ призна дека не бил во изолација додека наводно се сомневал, а потоа добил потврда за инфекција со коронавирус. Тој исто така го обвини својот агент за погрешна изјава при пополнувањето на документите за имиграција.

После тоа, челниците на Австралија решија дека им е доста. Министерот за имиграција во петокот донесе одлука по вторпат да му ја укине визата на Ѓоковиќ, со што беше доведен во прашање неговиот обид да победи на 21. Грен слем. Доколку Ѓоковиќ, најдобро пласираниот тенисер во машка конкуренција, не успее успешно да одговори на одлуката, ќе биде уапсен и депортиран пред турнирот, се вели меѓу другото во текстот.

Слични содржини