НУК: Новите протоколи за организирање на свадби се нелогични

од Берта Китинска

Угостителската индустрија се здоби со нови крпеници од протоколи пропратени со куп недоследности и недоречености, поради кои наредните денови дефинитивно ќе бидеме сведоци на хаосот во нивното толкување и примена од страна на угостителите и државниот пазарен инспекторат.новите промени во протоколи за работа на угостителските објекти на комисијата за заразни болести усвоени од страна на владата се толку контрадикторни сами на себе , велат од Независната угостителска комора (НУК).

– Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – Ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти. Свадби/прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. Ресторани за свадби, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти, велат од НУК.

Според НУК, со новите протоколи е направена неправда и кон музичката индустрија.

 

Слични содржини