Актуелно
Почетна / IN/OUT / Нуркач сам спасил кит заплеткан во мрежа: Кога стигнал на брегот, го дочекала казна! (ВИДЕО)

Нуркач сам спасил кит заплеткан во мрежа: Кога стигнал на брегот, го дочекала казна! (ВИДЕО)

Австралиските власти казнија еден нуркач кој спасил кит заплеткан во мрежа за ајкули.

Мажот и уште неколку други лица забележале кит заробен во водите во близина на градот Голд Коуст, па затоа ја повикале надлежната служба. Меѓутоа, поминале неколку часови и никој не се појавил, па нуркачот решил сам да тргне во акција. Тој стигнал до китот со својот брод, пливал до него и го одврзал.
Меѓутоа, кога се вратил на брегот, бил казнет. Не е познато точно зошто е издадено, но државата Квинсленд го казнува упадот во државниот имот, како и приближувањето кон китовите.

Мажот објаснил дека „го удрил адреналин“ кога видел кит во неволја.

„Всушност, едноставно го одврзав“, рече тој. Имал нож, но дури и без тоа, успеал да ги ослободи перките на китот од мрежата.

 

loading...