Нутриционист за грешките што ги прават родителите кога станува збор за хранење на нивните деца

од Vladimir Zorba

Грижата за детето значи и грижа за неговата исхрана, а нутриционистката Прија Тиу сподели неколку грешки кои родителите често ги прават кога е во прашање исхраната на нивното малечко.

На крајот на минатата година, родителите ширум Велика Британија беа предупредени да внимаваат на храната што им ја купуваат на своите деца. Истражувањата покажаа дека многу производи, првенствено наменети за деца, содржат поголеми количества шеќер од препорачаните.

Со цел да им помогне на родителите, нутриционистот открил неколку грешки кои многу родители ги прават во однос на прехранбените навики на нивните деца.

Како една од големите грешки таа го посочи купувањето јогурт за деца. Како што објасни таа, самиот јогурт е одличен извор на калциум и протеини кои го поттикнуваат растот на здравите коски и заби кај вашите деца, што очигледно го прави фантастична храна за детето.

Сепак, јогуртите наменети специјално за деца, на пример овошните јогурти, често содржат големи количини шеќер. Нутриционистот нагласува дека затоа е многу важно да се проверат етикетите на јогуртите, односно колку дополнителен шеќер содржат.

Друг чест проблем се преголемите порции што им ги послужуваме на децата. Многу родители често преценуваат колку нивните деца можат да јадат, што може да биде причина поради која малите често одбиваат храна, објаснува нутриционист кој додава дека оваа грешка лесно се прави, особено ако го готвите истото јадење за целото семејство и ставите сè на масата во исто време.

„Обидете се да користите помали чинии за вашето дете, за да можете да му понудите помали порции кои ќе го заситат, но во исто време ќе може да го контролира и апетитот. Секогаш е подобро решение детето да побара втора порција отколку да ја остави храната во чинијата“, додава нутриционистот.

И на крај, но не и најмалку важно, нутриционистот ја нагласува целосната забрана на одредени намирници како голема грешка.

Како диететичар и нутриционист, Тиу рече дека нејзиното мото во животот е да се консумира сета храна во умерени количини и дека ниту еден вид храна не треба да биде надвор од границите. Додека некои намирници имаат повеќе шеќери и масти од другите, таа тврди дека постои начин да му помогнете на вашето дете да го разбере ова, свесно да избере што и колку да јаде, пренесе „Индекс“.

„Целосно забраната на одредени видови храна може само да го зголеми ризикот вашето дете да развие нездрав однос со храната. Запомнете, во ред е повремено да консумираат нездрава храна, под услов да добиваат и доволно витамини и хранливи материи преку други видови храна“, советува нутриционистот.

Слични содржини