Објавен е првиот трејлер за филмот „Barbie“ со Маргот Роби во главната улога (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Warner Bros го објави трејлерот за филмот „Barbie“ кој за кратко време предизвика големо внимание.

На почетокот на трејлерот, британската актерка Хелен Мирен зборува за праисторијата на куклите во човештвото и важноста на Барби како возрасна жена, а не како кукла.

Засега, малку е познато за заплетот на филмот, во кој играат Маргот Роби како Барби и Рајан Гослинг како нејзиното момче Кен. Во филмот се појавува и актерот Симу Лиу.

Првиот трејлер предизвика големо внимание – за само два часа по објавувањето, го погледнаа речиси половина милион луѓе.

Филмот „Барби“ ќе ја има светската премиера на 21 јули 2023 година.

Слични содржини