Обамејанг стави крај на шпекулациите (видео)

од Nikola Popovski

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг одлучи да го продолжи договорот со Арсенал.

Најдобриот играч на „топџиите“ во последните неколку сезони беше мета на бројни европски великани. Неговата иднина беше под знак прашалник, но сега тој конечно стави крај на сите шпекулации.

33-годишниот капитен на тимот ќе го носи дресот на Арсенал во следните три сезони.

Тој пристигнал во Англија во 2018 година од Борусија Дортмунд и досега има запишано 111 натпревар на кои постигна 72 погодоци. Тој исто така мината година ја подели „Златната копачка“ во Премиер лигата со 22 погодоци во сезоната.

„Никогаш не е доведено во прашање потпишувањето договор со овој специјален тим. Им благодарам на навивачите, соиграчите и семејството затоа што се чувствувам како да припаѓам овде. Верувам во Арсенал. Можеме да постигнеме одлични работи заедно. Создадовме нешто возбудливо и најдоброто што треба да се случи треба да дојде“, изјавил Обамејанг.

Слични содржини