Објавено е првото тргување со биткоин фјучерси

од Vladimir Zorba

Првото тргување на берзански фонд поврзан со биткоин фјучерси се одржа на Вол Стрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесе Си -Ен -Ен.

ЕТФ фондот ProShares Bitcoin Strategy започна со тргување во вторникот по цена од 40 долари по акција, под етикетата BITO и го заврши денот со раст од пет проценти.

Ова е првиот од неколкуте фондови што се подготвуваат да дебитираат со биткоин фјучерси на Њујоршката берза. VanEck, Invesco, Valkyrie и Galaxy Digital се меѓу неколкуте инвестициски компании кои поднеле апликации до Комисијата за хартии од вредност за да започнат тргување со биткоин ЕТФ договори, според Си -Ен -Ен.

Биткоинот забележа силен раст овој месец во пресрет на берзанското деби на фондот и благодарение на фактот што го купуваат големи институционални инвеститори. Вредноста на оваа криптовалута се опорави и покрај постојаните критики од генералниот менаџер на инвестициската банка JP Morgan Chase & Co, Џејми Димон, кој неодамна рече дека биткоинот е „безвреден“.

Цената на биткоинот во вторникот попладне надмина 64.000 долари, што се зголеми од нивото забележано на крајот на септември од нешто помалку од 44.000 долари, што е зголемување за над 40 проценти.

Биткоинот сега е само еден процент подалеку од историскиот максимум, достигнат на почетокот на оваа година, што беше нешто под 65.000 долари.

Одобрувањето за тргување со ЕТФ договори е пресвртница за индустријата, рече претседателот на биткоин фондацијата Брок Пирс за Си -Ен -Ен. Тој додаде дека ова го чекал долго време, имајќи предвид дека бројни претприемачи и компании бараат одобрување од регулаторот од 2013 година.

Според него, започнува ерата во која малите инвеститори можат директно да инвестираат во биткоин преку ЕТФ фондот, што служи како дополнителна валидација за биткоин и други криптовалути низ САД и на глобална основа.

Експертите велат дека ЕТФ ќе го приближи биткоинот до масите и ќе му овозможи на просечниот инвеститор да учествува во тргување, без да мора самиот да го „копа“.

Слични содржини