Објавено застрашувачко видео од уривање на зграда во Измир

од Stefanija Kuzmanovska

Силен земјотрес ги погоди грчките острови денес, а се тресеше и во Атина и во Турција. Според првичните проценки, земјотресот бил 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Новинарите од Грција и Турција и корисниците на социјалните мрежи ги објавија првите фотографии и снимки.

Силен земјотрес се случи нешто пред 14 часот на грчкиот остров Самос, 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.

Првиот потрес беше проследен со уште три, со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.

Локалните медиуми јавуваат за оштетување на зградите и патиштата, а од Турција пристигнуваат извештаи дека неколку згради во крајбрежниот град Измир се срушиле поради земјотресот.

Слични содржини