Обвинение за жената што го уби сопругот во Студеничани

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против жена (50) поради извршено кривично дело – убиство.

Од ОЈО соопштија дека обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот.

– Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата, соопштија од ОЈО.

Слични содржини