Обвинети уште тројца полицајци за убиството на Флојд

од Stefanija Kuzmanovska

Државниот обвинител на Минесота Кит Елисон ќе поднесе обвинение против уште тројца други полицајци кои учествуваа во апсењето во Минеаполис, за време на кое почина Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Курир“.

Се очекува дека тие ќе бидат обвинети за помагање и поддршка на убиството на Флојд.

Полицаецот Дерек Човин, кој го притиснал вратот на Флојд со коленото и со тоа го задуши, веќе е обвинет за убиство од трет степен, а се очекува Елисон да поднесе обвинение за убиство од втор степен.

Доколку се покрене обвинение против преостанатите тројца полицајци, кои во меѓувреме се отпуштени, тоа ќе бидат први кривични пријави со кои се соочиле.

Смртта на Флојд предизвика протести ширум САД.

Слични содржини