Обвинител во Хаг: Доживотен затвор за Тачи ако обвиненијата се потврдат

од Vladimir Zorba

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство во Хаг, Џек Смит, во писмото до судијата на претходна постапка Никола Гилу, ги наведе своите аргументи зошто Хашим Тачи требаше да биде уапсен и притворен и дека доколку обвиненијата се потврдат, тој може да добие доживотна казна затвор.

Во писмото објавено на официјалната веб-страница на Специјалниот суд, Смит наведува дека постои страв дека поранешниот претседател на Косово може да избега по објавувањето на непотврденото обвинение.

Во писмото испратено до судија на претходна постапка, Смит исто така тврди дека Тачи може да изврши други кривични дела и да ги попречува посебните постапки и посочи дека обвинувањата, кои беа потврдени во Специјалниот суд, може да доведат до доживотен затвор за поранешниот косовски претседател, пренесе „Косово Онлајн“.

Ова писмо го покажува инсистирањето на главниот специјален обвинител дека Тачи требало да биде уапсен и испратен во притвор.

Слични содржини