Обвинителите го опишале Вајнштајн како „силувач“

Њујоршките обвинители во средата започнале да ги изнесуваат обвинувањата против Харви Вајнштајн, опишувајќи го поранешниот филмски продуцент како силувач.

 

– Човекот кој седи овде не беше само холивудски моќник, беше силувач – рекла заменичката на државниот адвокат Меган Хаст во воведниот збор пред судот на Менхетен.

– Жените за своте трауми ќутеле со години. Се чувствувале мали и безначајни во однос на холивудскиот моник каков што станал Харви Вајнштајн – додала

Обвинителите воведните зборови ги изнеле пред поротата од седум мажи и пет жени во судницата на Менхетен. Доколку биде осуден, некогашниот моќен холивудски продуцент го чека доживотен затвор. Судењето започна на 6 јануари и би можело да трае шест недели.

Вајнштајн се произнесе дека не е виновен по обвиненијата за напаствување на две жени.

Од 2017 година повеќе од 80 жени го обвинија Вајнштајн за сексуални напади што го поткрена движењето #MeToo во кои жените изнесуваа јавни обвинувања против моќните луѓе во деловниот све, како и во светот на забавата и политиката.

Слични содржини