Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе поднесе жалба до Апелација за ослободителната пресуда за поранешната пратеничка, Фросина Ременски, во случајот „Меѓународен сојуз“.
-На обвинетата на товар и става дека со своето влијание и функцијата што ја извршила тој период, допринела за предметните договори. Не знам каков доказ треба да имате за влијанието повеќе од она што оштетените го истакнаа во давањето исказ, а тоа е токму дека обвинетата со своето присуство на состаноците ги убедила дека тоа се проекти на власта, рече обвинителката Ивана Трајчева.
Обвинителката вели дека тука не треба да се заборави и дека за Ременски имало пораки како докази, додека за останатите не.
-Оттука, останува нејасно како Судот не ги увидел дејствијата на влијание кое што таа го извршила. Кога постојат вакви факти, не знам како судот го донел заклучокот дека не е докажано делото кое ѝ беше ставено на товар, изјави Трајчева.