Од корона починаа 5 лица, дополнително регистирани уште 3 од месец октомври

од Nikola Popovski

Согласно последните бројки на Институтот за јавно здравје Скопје, во последните 24 часа регистрирани се 5 починати лица од коронавирус. Црниот биланс покажува по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.

Слични содржини