Од утре аплицирање за бескаматни кредити за бизнисите за справување со коронавирусот

од Vladimir Zorba

Од утре може да се аплицира за првата линија бескаматни кредити за надминување на последиците од коронавирусот, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Апликациите ќе одат преку Развојната банка на Република Северна Македонија, електронски – со доставување на потребните документи на [email protected]

Рокот на отплата е до 2 години со вклучен грејс период од 6 месеци, начинот на отплата: квартално, каматната стапка 0% на годишно ниво,а износ на кредитот: до 30.000 евра – во зависност од големината на фирмата:

◾️ до 10 вработени до 307.500 денари;
◾️ 11 до 50 вработени до 922.500 денари;
◾️ 51 до 250 вработени до 1.845.000 денари.

Услови и потребни документи на следниот линк https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2

Слични содржини