Одлука по смртта на Коби: Што ја натера Амбер Роуз да го истетовира челото?

од Elena Daskalova

Американската актерка и манекенка Амбер Роуз се пофали со новата тетоважа на нејзиното чело. Многумина ја осудија, а таа реши да ги сподели причините зошто го направила тоа.

„За сите оние кои велат дека лицето ми е преубаво за да го тетовирам, тоа се истите оние кои ми велат дека сум преубава, а всушност лажат. Поентата ми е – правете го тоа што го сакате“, напишала Амбер.

За време на гостувањето во една емисија таа открила дека по смртта на Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и сите кои загинаа заедно со нив, одлучила дека животот е прекраток и дека треба да направи сè што сака.

„Размислував за татко ми кој имаше рак на свои 40 години. Беше тешко, но преживеа. Долго време ја сакав тетоважава. Животот е прекраток, живејте го најдобро што можете. Така се чувствував и драго ми е што го направив тоа“, порачала Амбер.

Слични содржини