Кривичниот суд соопшти дека ги одбил барањата за притвор за тројца обвинети во случаите Тотал и Титаник-3 на СЈО. Досега е одлучено за барањата на СЈО во пет истраги, но не е соопштена одлуката за најголемите истраги во кои се обвинети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и други партиски функционери.

Како што објави   Телма, во случајот Тотал, СЈО бараше притвор за Драган Павловиќ-Латас, но судот не го прифати барањето и наместо тоа одреди мерки на претпазливост- одземање на пасош и еднаш неделно да се јавува во судот.

Судот ги отфрли барањата за притвор на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и на Исмет Гури кои се обвинети за уништување на изборен материјал на изборите во Чаир во 2013-та година.

 Во случајот Тифани, на обвинетата Ивона Талевска и се одредени мерки на претпазливост – одземање на пасош и еднаш неделно да се јавува во судот. Обвинета е за даночно затајување.

Во суд еднаш неделно ќе треба да се јавуваат и 6-мина припадници на полициската единица Алфи кои се обвинети за мачење и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошкоски. Командантот на единицата Алфи Ивица Анчевски-Пуки покрај тоа доби и судска забрана за контактирање со определени лица кои се вмешани во случајот Тортура.

Во случајот Тревник за двајца обвинети кои се товарат дека во општина Зелениково овозможиле бесправно градење судот определи мерки- еднаш неделно да се јавуваат во суд и да ги предадат своите пасоши.

Според последните информации, во притвор засега би требало да завршат 5 лица, а за другите ќе бидат преиначени мерките, пишува Сведок.

 Најголем дел од мерките побарани за другите 47 лица за кои се бараат одземање на исправи или други забрани, за судиите не биле спорни и тие многу полесно се прифаќале.

На одлуките на Кривичните совети, СЈО и странките имаат право на жалба, а жалбата не ги одлага извршувањата на решенијата.

За тројца од тие за кои се бара притвор, доколку се одобри, би требало да одлучува и Парламентот поради нивниот имунитет.

Во Кривичниот суд Скопје синоќа претставници на Специјалното јавно обвинителство на само два часа пред истекот на рокот предаде нови материјали со дополнителни докази за Титаник, Таргет и Тврдина.

Во овие случаи осомничените се товарат за изборни нерегуларности, за незаконското прислушување и за уништување на опремата во УБК.

Досега од 5 случаи за кои судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост

Претходно, судот соопшти дека одлуките ќе бидат донесени во рокот од 24 часа кој истече, но ќе им треба време да ги образложат и да ги достават до странките, па дури тогаш ќе соопштат официјално што одлучиле.

Одлуките се донесени но денеска  ќе бидат соопштени, а се однесуваат и на обвиненијата за останатите 13 случаи, како и за Титаник 1 и 2.

Слични содржини