Одреден градот-домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska

Истанбул ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2023 година, кога Турција ќе ја одбележи 100-годишнината од основањето на Републиката.

Оваа информација ја објави и УЕФА.

Откако претстојното финале во Лигата на шампионите беше преместено од Истанбул во Порто, Европската фудбалска централа (УЕФА) започна преговори со Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ), а сега е официјализирано дека тоа ќе биде Истанбул, објави Анадолија.

На веб-страницата на УЕФА стои и дека финалето на Лигата на шампионите во 2024 година ќе се игра на „Вембли“, а во 2025 година на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Слични содржини