Официјално: Барселона го привлече Брајтрајт

од Vladimir Zorba

Екипата на Барселона и официјално објави вклучување на напаѓачот Мартин Брајтрајт од Леганес. 28-годишниот репрезентативец на Данска пристигнува на „Камп Ноу“, откако на Каталонците им беше дозволено да купат играч од Ла Лига, поради повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле.

Тимот, предводен од Кике Сетиен, ќе ја плати откупната клаузула на фудбалерот од 18 милиони евра и ќе потпише договор до летото 2024 година.

Интересно е да се напомене дека новата откупна клаузула на Брајтврајт ќе изнесува 300 милиони евра.

Слични содржини