Официјално: Фудбалерите од Суперлигата не можат да настапат на Европско и Светско првенство

од Nikola Popovski

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, објави дека оние што ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат за своите репрезентации, што значи дека Европската куќа на фудбалот го возврати ударот на Суперлигата.

Ова го пренесе и доброинформираниот италијански новинар Танкреди Палмери, потоа Фабрицио Романо, а наскоро се појави и изјавата на првиот човек на УЕФА.

Фудбалерите од Суперлигата нема да смеат да играат на европски и светски шампионати, а доколку таквата одлука навистина е на сила, фудбалот како што знаевме дека дефинитивно ќе престане да постои.

„На играчите од затворената Суперлига ќе им биде забрането да ги бранат боите на своите репрезентации на Европското првенство и на Светското првенство“, рече Чеферин.

УЕФА е подготвена да возврати на секој можен начин во лигата формирана од 12-те најбогати клубови, а се уште се очекуваат дополнителни промени.

Исто така се додава дека УЕФА ќе се обиде што побрзо да ги казни „одметнатите“ клубови во тековната сезона на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Ова значи дека не е исклучено ниту нивното протерување.

„Од овој момент, УЕФА и фудбалскиот свет се обединети во борбата против себичниот проект на неколку клубови мотивирани исклучиво од алчност. Заедно, ќе се бориме против бесмислениот проект“, нагласил Чеферин.

Слични содржини