Официјално: Кутињо во дресот на Астон Вила!

од Vladimir Zorba

Познатиот бразилски фудбалер Филипе Кутињо и официјално беше претставен како првотимец на Астон Вила каде ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен од Барселона.

Кутињо претстојуваше во Франција, каде издејствува работна дозвола, а потоа слета во Бирмингем и по лекарските прегледи го „позајми“ дресот со бројот 23.

Бразилецот се согласи на само 65% од платата што ја имаше во Барселона, а постои шанса и следната сезона да остане на „Вила Парк“ во случај клубот од Бирмингем да ја искористи опцијата за купување од Барселона.

Тој истакна дека долго разговарал со Стивен Џерард кој му беше соиграч во Ливерпул и дека е среќен што е во Вила.

„Го познавам Стиви долго време. Играв со него и научив многу. Тој е еден од луѓето на кои многу му се восхитувам. Се надевам дека ќе завршиме одлична работа“, изјави Кутињо.

Слични содржини