Ограбен деветнаесетгодишник на автобуска на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје

од desk2

Деветнаесетгодишниот скопјанец Ј.П. вчера во полициска станица пријавил дека истиот ден околу 13:30 часот на бул. „Кочо Рацин“ на автобуска постојка од страна на непознат сторител на возраст околу 60 години му била извршена измама, со што лицето се стекнало со противправна имотна корист од околу 1.500 денари.

 

МВР информира дека додека Ј.П. правел фотокопии на негови лични документи, дошол сторителот и го прашал дали може да му даде македонски пари за да и ги покаже на сопругата, а како гаранција дека ќе му ги врати парите му го оставил својот часовник (кој бил фалсификат часовник, односно бижутерија), по што тој излегол и не се вратил. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини