Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Веќе втор ден беснее голем пожар што избувна во делот на пристаништето во градот Искендерун погоден од земјотресот во југоисточна Турција, јавува АП.

Телевизиските снимки денеска покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, пренесе американската агенција.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Турската државна новинска агенција „Анадолија“ објави дека брод на турската крајбрежна стража помага во гаснењето на пожарот.

Бројот на загинатите во силниот земјотрес во Турција надмина 3.300 лица, соопшти денеска Орхан Татар, претставник на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Татар рече дека 20.426 луѓе биле повредени, а 5.775 згради биле уништени во земјотресот, по што следеле 285 последователни потреси, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини