ОИ во Токио треба да бидат отворени на 23 јули 2021 година

од Vladimir Zorba

Олимписките игри во Токио, кои беа одложени до следната година минатата недела, треба да бидат отворени на 23 јули и затворени на 8 август 2021 година, објави во неделата јапонската национална телевизија НХК, повикувајќи се на неименуван извор.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе минатиот вторник објави дека Игрите се одложени поради пандемијата на заболување КОВИД-19 околу една година, пренесе Хина.

Така, Токио стана првиот град во 124-годишната историја на современи игри во кои натпреварите не се одржуваат според закажаниот датум, со исклучок на годините за време на Првата светска војна и Втората светска војна, кога требаше да бидат откажани Игрите.

Јапонија инвестираше 12 милијарди долари во подготовката на Игрите, а годинашната загуба на предвидените приходи не треба да влијае на јапонската економија, бидејќи трошоците ќе бидат пониски.

Јапонскиот министер за економија Јасутоши Нишимура во неделата изјави дека владата планира стимулативен пакет на економски мерки, кои премиерот Абе ги нарече најголеми во историјата.

„Ако расходите се префрлат на следната година, тоа значи дека ќе ги имаме тие пари на располагање годинава. Ние ќе го земеме во предвид тоа“, рече Нишимура за телевизијата НХК.

Слични содржини