ОЈО: Итни и строги мерки за прекршителите на законот за безбедност во сообраќајот

од Даниел Ѓорѓиевски
46 прегледи

Управување на автомобил без возачка, поминување на црвено, возење над  дозволеното или под дејство на алкохол, во спротивна насока или на двојна полна линија или се избега од местото на несреќата и не се укаже помош, полицијата веднаш ќе треба да го извести јавниот обвинител и по итна постапка обвинителот во рок од 24 часа да одлучи дали лицето ќе биде обезбедено.

Вакви се насоките кои ги даде ОЈО Скопје до МВР за да се овозможи поефикасен кривичен прогон на возачите кои го загрозуваат сообраќајот. Дополнително како доказ за вакви дела ОЈО задолжи да се доставуваат: Целосна прекршочна и кривична евиденција за осомничениот, која треба да ги содржи сите поднесени прекршочни и кривични пријави и сите издадени платни налози за лицето. Во поглед на итност и построго казнување особено да се има предвид дали лицата се повеќе пати застанувани и казнувани за исти прекршоци. Кривичните пријави да содржат колку што е можно попрецизни, детални и точни податоци за сведоци, пријавени и оштетени со телефонски броеви и адреси од лични карти, но и моментални адреси на престојување. Со особено внимание да се обезбедуваат докази и да се фотодокументираат сообраќајните знаци кои се во важност на локацијата каде се случила сообраќајна несреќа.

 

 

Слични содржини