Олимписките игри не мора да се одржат во лето, вели Бах

од Vladimir Zorba

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах изјави дека не е неопходно да се одложат Олимписките игри во Токио точно една година и да се одржат следното лето, но постои опција да се одржат порано во 2021 година.

Вчера беше донесена невидена одлука во време на мир да се одложат Игрите во јапонската престолнина за 2021 година поради пандемијата КОВИД-19, која станува сè потешка на многу места низ целиот свет. Бах денес откри дека ќе одржи конференциски повик во четврток со сите 33 меѓународни спортски федерации чии спортови се дел од Олимписката програма, за време на кои ќе се разговара за опциите за нови датуми за Олимпијадата.

„Треба да ги разгледаме опциите. Ќе мора да го земеме предвид спортскиот календар околу Игрите и многу други фактори. Треба да донесеме одлука што поскоро, но наш прв приоритет е квалитетот на одлуката и дека треба да се земат предвид ставовите на сите вклучени. Олимписките игри не мора да се одржуваат во текот на летните месеци. Сите опции се отворени, вклучувајќи ги месеците пред и во текот на летото“, објасни Бах.

„Секој што е вклучен во организирање и домаќин на Олимпијадата, ќе мора да направи жртви и компромиси за да ги одложи Игрите за една година“, додаде претседателот на МОК.

„Мисијата на МОК е да го реализира олимпискиот сон на сите спортисти. За откажувањето на Игрите се дискутираше и се разгледуваше, но од самиот почеток беше јасно дека тоа не е нешто што МОК сакаше да го стори “, рече Бах.

Слични содржини