ОН: Без контрола на нуклеарното оружје, светот е многу поопасен

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик денеска изјави дека Русија и САД мора да продолжат целосно да го спроведуваат Новиот договор СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување.

„Без контрола на нуклеарното оружје, светот е многу поопасен, понестабилен, со можни катастрофални последици. Треба да се направат сите напори за да се избегне овој исход, вклучително и итно враќање на дијалогот“, нагласи Дижарик, пренесе Ројтерс.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот СТАРТ..

„Повторувам, не се повлекуваме, само го прекинуваме учеството“, рече Путин.

Тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, потпишаа договор во 2010 година за управување со нивниот нуклеарен арсенал и се согласија да го продолжат за уште пет години пред да истече во февруари 2021 година.

Слични содржини