ОН: На Авганистан му се заканува хуманитарна катастрофа и глад

од Stefanija Kuzmanovska

Агенциите на Обединетите нации проценуваат дека на Авганистан му се заканува хуманитарна катастрофа и глад, додека десетици илјади луѓе ги напуштаат своите домови поради напредувањето на Талибанците.

Западните земји се подготвуваат да испратат војници во Кабул за да помогнат во евакуацијата на амбасадите, но ОН велат дека нивните 320 службеници ќе останат во земјата.

„Се плашиме од најлошото и бранот на глад брзо се приближува. Ситуацијата ги има сите белези на хуманитарна катастрофа“, рече Томсон Пири од Светската програма за храна.

Повеќе од 250.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови од мај, а 80 проценти се жени и деца, објави Високиот комесаријат на ОН за бегалци, пренесе Ројтерс.

Слични содржини