ОН: Нападот на породилиштето во Доњецк е загрижувачки

од Stefanija Kuzmanovska

Извештаите за гранатирање породилишта во Доњецк, источна Украина, се причина за загриженост, изјави за ТАСС портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дијарик, додавајќи дека тоа е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право.

„Видовме извештаи во медиумите за породилиштето во Доњецк. Ова е крајно загрижувачки. Секој напад врз цивилната инфраструктура, особено медицинските установи, е јасно кршење на меѓународното право“, изјави вчера претставникот на ОН.

Мисијата на Доњецката Народна Република извести за масовно гранатирање на градови и населени места на територијата на Доњецк, а една од гранатите го погодила локалното породилиште и го запалила.

Слични содржини