Општина Ѓорче Петров: Столковски, наместо да измислува прес конференции за 5 минути слава, може да дојде и да изврши увид во тендерската документација

од Берта Китинска

Времето на наместени тендери и незаконското работење е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Во недостиг на теми за партиски пресови, портпаролот Наум Столковски, наместо да измислува прес конференции за 5 минути слава, може во секое време да дојде во просториите на Градинката Росица со запазување на ковид протоколите и да изврши увид во тендерската документација за набавка на индустриски машини за перење,стои во рекацијата на општина Ѓорче Петров, по изнесените обвинувања  од страна ВМРО-ДПМНЕ дека во општината се набавени за 25.000 евра  две машини за перење за потребите на градинка.

-Дека се е чисто во набавката на индустриските машини за перење може да се уверат и советниците од Советот на општина Ѓорче Петров од ВМРО ДПМНЕ. Вратите на градинката се отворени дококу советниците сакаат да пласираат вистина и изворно да се уверат во текот на целата постапка. Секоја набавка која е над 60.000 денари мора да се изведе преку јавна набавка (тендер) и затоа градинката Росица не може да купи машини за перење на слободниот пазар кои секако би чинеле помалку, велат од општината.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ пред да ги погледне цените на производителот, треба да се едуцирани и треба да знае дека фабричката цена е пониска но подлежи на увозни царини и не е иста.

-Градинката Росица постапката за спроведување јавни набавки ја врши самостојно и Општината Ѓорче Петров нема никаква улога во тоа.Постапката е спроведена според Закон за јавни набавки. Тендерската постапка беше јавно објавена 15 дена во ЕСЈН и Службен весник, и секој економски оператор имаше право и можност да учествува во постапката .Критериум за избор е најниска цена. Беа доставени две понуди, но економскиот оператор со пониска цена не ги достави потребните документи за докажување на способност кои се бараа во тендерската документација и поради тоа неговата понуда е отфрлена како непотполна, објаснуваат од општината.

Слични содржини