Орбан: Имаме среќа што Јанша и Словенија претседаваат со ЕУ во вакви тешки времиња

од Nikola Popovski

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од Љубљана рече дека „имаме среќа што во овие тешки времиња“ Словенија претседава со ЕУ, а нејзината влада е предводена од Јанез Јанша.

„Среќни сме што Словенија е претседател на ЕУ во овие тешки моменти и што нејзината влада е предводена од Јанез Јанша“, рече Виктор Орбан, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со Вишеградската група на држави од Централна Европа од Полска.

Премиерите на В4 во петокот разговараа за актуелните европски прашања во Љубљана, а исто така се состанаа со словенечкиот премиер Јанша, чија земја го презеде претседателството со Советот на Европската унија на 1 јули.

Орбан изјави дека во ЕУ нема повеќе поделба на стари и нови членки, туку дека денес таа е поделена на оние земји чиј национален долг е висок, и имаат низок раст и проблеми со неконтролирана миграција, додека од друга страна стабилни земји во Централна Европа, кои ги контролираат овие процеси и имаат стабилност, ниски нивоа на долг и високи прогнози за раст.

„Јанша има тешка одговорна задача да ги поврзе двете категории држави“, рече Орбан.

Тој додаде дека словенечкиот премиер Јанша, заради своето искуство во борбата против комунизмот, има, за разлика од некои западни лидери, поглед на „историскиот хоризонт“, па затоа е близок во гледиштата со лидерите од земјите од Централна и Источна Европа.

Европскиот парламент се занимава со ирелевантни теми и води „џихад против владеењето на правото“, рече Орбан.

Слични содржини