Орбан одликуван со Орден на РС на ѓердан, не се појави на церемонијата

од Stefanija Kuzmanovska

Во културниот центар Бански Двор во Бања Лука денеска во рамки на одбележувањето на Денот на Република Српска, 9 јануари, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина повеќе пати го прогласи за неуставен, беа доделени одликувања на заслужни институции и поединци.

На списокот се најде и Виктор Орбан, кој беше одликуван со Орден на РС на ѓердан, највисокото признание.

Ореднот ќе биде свечено врачен накнадно, со оглед на тоа што унгарскиот премиер не се појавил на церемонијата, без разлика на поканата, пренесе N1.

Слични содржини