Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, е официјалниот кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на партијата, а ја објави претседателот Христијан Мицкоски на прес-конференција.
„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Ѓорѓиевски води во анкетите пред сите имиња што се споменуваат во опозицискиот блок, што дополнително ја зацврстува неговата позиција како сериозен фаворит.
Со неговата кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Скопје може да добие силно, одговорно и визионерско водство кое ќе донесе вистински развој за главниот град, порача Мицкоски, наведувајќи дека Ѓорѓиевски ќе има и задача да го врати Скопје на скопјаните.