Османи апелира македонските државјани да го напуштат Либан

од Nikola Popovski

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму.

Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.

-Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата, рече Османи.

Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, министерот нагласи дека станува збор за локални жители на Газа кои долг период живеат во областа, но имаат и македонско државјанство и дека државата е должна секој свој државјанин да го згрижи.

-Тие се во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет, така што во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет, рече Османи.

Слични содржини