Османи: Двајца дипломати не го поминале ветингот

од Берта Китинска

На денешната прес-конференција министерот за надвоешни работи, Бујар Османи ги соопшти првите резултати од ветингот.

„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот.Во рамките на темелите проверки констатирано е дека шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати.Овие лица не се одбиени при проверката  и соодетно на укажувањата дека може да се работи за технички превид даден е рок од 7 дена д аја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација. Поизминување на рокот поединечно ќе се разгледува статусот на првичниот ветинг за секој од нив и соодветно наодите ќе се одлучува укинување на ограничувањето и нивно целосно враќање на работните обврски  или започнување на процес за прекинување на работниот однос во зависност од тоа како тоа ќе се одвива“, рече Османи.

Слични содржини