Османи очекува цело Собрание, освен Левица да гласа за уставните измени

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи очекува уставните измени што поскоро да влезат во собраниска процедура.

-Мислам дека до ноември 2023 година треба да бидат завршени. имајќи предвид дека во просек шест месеци траат сите три фази од уставните. Најдоцна до пролет треба да влезе во парламентарна процедура. Јас сакам уште во јануари да биде во процедура. Нема ништо контроверзно, нема потреба да се држат граѓаните и државата во заложништво за нешто што сите имаме интерес. Се надевам што побрзо да бидат доставени. Првото гласање е со двотретинско мнозинство, второто е со 61 пратеник, третото е со двотретинско. Ако пропадне на првото, се ризикува процесот. Треба да бидеме сигурни дека ги имаме 80 пратеници на првото гласање. Не сме далеку, блиску сме, меѓутоа треба да се имаат. Јас би сакал цел парламент, освен Левица да гласаат за уставните измени, кажа Османи во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини