Оставките се почеток на утврдување на политичката одговорност со  напуштање на високите функции, и тоа во суштина ја отвора можноста за темелна  и транспарента истрага на кршењето на правата на граѓаните преку злоупотребите на функциите и системот за прислушување . Тоа е исто така почеток  и за темелна анализа  и документирање на објавеното на разговорите од бомбите, изјави лидерот на Демократскиот Сојуз   Павле Трајанов, на прашањето за прв коменар за оставките на минстрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и директор на тајната полиција Сашо Мијалков.

trajanov-pres1 (1)

Нашиот став како ДС од самиот старт  на аферата „Пуч“  е принципиелен, и оваа почетна реконструкција на Груевски , во целост ги потврдува нашите позиции дека сме биле во право .

Дали очекувате нови оставки, во Владата на Груевски?

Очекувам и ќе бараме да се формира парламентарен комитет за истрага со широки овластувања  што ќе спроведе темелна анализа  и ќе предложи платформа,  која со парламентарна расправа  ќе биде  почеток на излез од кризата.

 

 

Слични содржини