Остра реакција на Пекинг поради американските воени бродови во Јужно Кинеско Море

од Vladimir Zorba

– Министерството за надворешни работи на Кина реагираше откако американски воени бродови пловеа во близина на островите во Јужно Кинеско Море, на кои Пекинг полага право.

– Американските воени бродови впловија во тие води без дозвола на Кина, истакна портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунјинг.

Два американски разорувачи пловеа околу 12 наутички милји од гребенот Мисчиф, које дел од спорените острови Спретли.

Кина полага право на поголемиот дел од стратешкиот воден пат во Јужно Кинеско Море и изгради острови на гребените, како и воени објекти.

Односите помеѓу САД и Кина се влошени поради ескалација на трговскиот спор, посебно пред 1 март, кога истекува рокот за постигнување на трговски договор помеѓу двете држави.

Слични содржини