Откриена лабораторија за производство на марихуана во скопско

од Nikola Popovski

МВР вечерва информираше дека пронашла лабораторија за производство на дрога.

Според податоците на полицијата, извршен биле претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана.

-Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението на МВР.

Слични содржини