Откриено КОЈ ГО СОБОРИ авганистанскиот авион на територијата на Узбекистан

од Stefanija Kuzmanovska

Узбекистанскиот министер за одбрана објави дека ПВО на неговата земја го соборила авганистанскиот авион Super Tukano A-29B рано утрово, бидејќи го нарушил воздушниот простор на таа земја.

Според Спутник Интернационал, авионот се урнал во регионот Суркондарио во Узбекистан, повикувајќи се на изјава на узбекистанското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека авионот бил погоден додека се обидувал да ја премине границата без дозвола.

„На 15 август, во округот Шерабад, во областа Суркондарио, силите за противвоздушна одбрана на узбекистанските воздухопловни сили спречија обид за илегалнен влез во воздушниот простор на Узбекистан со авганистански воен авион“, соопшти Министерството.

Изјавата е дадена откако на интернет се појавија фотографии на кои се гледа како се урнал авионот, а луѓето тврдат дека го нашле недалеку од границата со Авганистан, и дека најмалку едно лице е пронајдено повредено на местото на инцидентот.

„Вчера примивме двајца пилоти од урнатиот авганистански авион“, рече службеникот на огранокот Термез на Републичкиот центар за итна медицинска помош, објаснувајќи дека и двајцата се на одделот за интензивна нега.

Останува нејасно што или кој бил во воениот авион и зошто завршил на територијата на Узбекистан.

Слични содржини