Дванаесет позиции за работни места во Телма, со одлука на раководството, од вчера се прогласени за технолошки вишок. За сега не се прецизирани имињата, но очигледно е дека во Телма се воведува нова систематизација, и се укинуваат некои работни позиции, а се дефинираат и нови.
Нема официјални посочувања на имиња но според решенијата кои ги имале досега, тоа се пред се работни места на уредници од постарите новинари од стариот состав на Телма , дел од информативна, дел од културно-забавната редакција и персонал од администрацијата.
Во писменото известување на одлуката која била закачена од вчера на огласната табла било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци, и дефинирани загуби.
Синдикатот на вработените на Телма од вчера за денеска побара средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста. Се прават и обиди новинарите да не бидат отпуштени , и да бидат распоредени на други пониски позиции, за да се избегнат отпуштањата.
Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката, најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата, а адвокатите на ССНМ веќе ја анализраат одлуката на раководството на ТЕЛМА.