Отворен првиот космодром во ЕУ: Европа има свое место во вселената

од Nikola Popovski

Првиот космодром за лансирање сателити од тлото на Европската унија беше отворен во вселенскиот центар „Esrange“ во близина на шведскиот град Кируна.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, шведскиот крал Карло XVI Густаф и шведскиот премиер Улф Кристерсон симболично ја пресекоа сино-жолтата лента на пригодната церемонија.

– Има многу добри причини за забрзување на европската вселенска програма – изјави Фон дер Лајен.

-Европа има свое место во вселената и ќе го заштити, додаде таа, пренесува АФП.

Шведската вселенска компанија (SSC) објави дека вселенскиот центар „Esrange“ е отворен по пет години подготовка и ќе го надополни постоечкиот вселенски центар на Европската унија во Куру, Француска Гвајана, прекуморска територија во Јужна Америка.

Слични содржини