„Ова е апсурдно“: Зеленски бесен на НАТО, упати критики додека патува во Вилнус

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нападна НАТО, велејќи дека е „апсурдно“ да нема временска рамка кога Украина ќе биде поканета да ѝ се приклучи на Алијансата.

„Невидено е и апсурдно што не е поставена временска рамка за покана или членство на Украина. Се чини дека нема подготвеност ниту Украина да биде поканета во НАТО ниту да стане членка на Алијансата“, напиша тој во остра изјава на Твитер.

НАТО во 2008 година се согласи Украина еден ден да стане членка на алијансата, но никогаш не беше кажано како и кога може да стане дел од алијансата.

„Сега, додека одиме во Вилнус, добивме сигнали дека за одредени работи се разговара без Украина“, рече Зеленски.

Тој посочува дека оваа формулација е за „покана за членство во НАТО, а не за членството на Украина“.

„Неизвесноста е слабост. И јас отворено ќе разговарам за тоа на самитот“, подвлече Зеленски.

Слични содржини